На 25.04.2022 во 17.45 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на локален пат во Крушево четирицикл, управуван од Е.К. (20) од Скопје, излетал од коловозот, информира МВР:
Во несреќата малолетен совозач од Скопје се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Крушево.