сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден по удар од автомобил

Малолетник тешко повреден по удар од автомобил

На локалниот пат Миладиновци – Илинден, „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Н.(50) од Миладиновци вчера удрил во 15-годишен малолетник од Миладиновци, кој туркал трицикл.

-Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.