среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник украл автомобил, клучот бил оставен на брава

Малолетник украл автомобил, клучот бил оставен на брава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 17-годишник од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“.

Пријавениот, на 07.08.2023 на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар одзел возило „хјундаи“, сопственост на М.Д.(76) од Дебар, кое претходно го оставил отклучено и со клуч на брава.

Набргу, по преземени мерки возилото било пронајдено.