петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник управувал со возило и излетал од патот, повредени три малолетници

Малолетник управувал со возило и излетал од патот, повредени три малолетници

На 02.08.2023 во 15:10 часот било пријавено дека на регионалниот пат од с.Неготино кој води за автопатот, патничко возило „фиат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Сенокос, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетен сопатник од возилото, а возачот и уште еден малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.