На 06.06.2019 година во 18:00 часот во с.Марино, скопско, мотоцикл „Лонгија Баутијан“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишно лице од с.Кадино, удрил во шестгодишно дете од населба Илинден.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобило шестгодишното дете кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.
Додека, со телесни повреди се здобил возачот и сопатникот на мотоциклот на возраст од 16 години. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.