сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Марихуана пронајдена кај затвореници во штипскиот затвор

Марихуана пронајдена кај затвореници во штипскиот затвор

На 19.03.2021 во 15.02 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при преглед на затворена просторија во затворот била пронајдена марихуана.

-Во врска со настанот бил извршен разговор со двајца затвореници, а дрогата била предадена на полициски службеници од СВР Штип за понатамошна постапка, информира МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.