Во дворот на црквата „Св.Димитрија“ во село Баница, струмичко, вчера за време на прослава по повод верскиот празник Митровден, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Д.М.(31) и Т.М. од село Баница од една страна и Н.С. и Ѓ.Т. од друга страна, по што се приклучиле и други лица.
-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој по укажаната помош во Медицинскиот центар Струмица бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле Т.М. и П.А.(28), информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.