Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р.(60) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот, во текот на 2021 година, вработен во правно лице за трансфер на пари во Гостивар, без согласност на оштетеното лице, во неколку наврати ги обработувал и користел неговите лични податоци испраќајќи парични средства во други држави за други лица, пополнувајќи формулари со личните податоци на оштетениот.