петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од Дебар фатен со огревно дрво кое бесправно го пресекол

Маж од Дебар фатен со огревно дрво кое бесправно го пресекол
илустрација

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.К.(60) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

При контрола извршена на 23.09.2022 на улицата „8 Септември“ во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот како со товарно моторно возило „фолксваген“ врши транспорт на огревно дрво што претходно бесправно ги пресекол во атарот на селото Гари.