сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од тераса пукал кон возила на пекара

Маж од тераса пукал кон возила на пекара

Инцидентот според полицијата се случил на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Г.А. (32) од Охрид. Тој е осомничен за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на сигурноста“.

На улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, пријавениот од тераса од стан, од огнено оружје во негова сопственост, испукал неколку куршуми од кои четири проектили завршиле во паркирани патнички возила, сопственост на пекарница. По овој настан, на трети овој месец Г.А. упатил сериозни закани кон Љ.Н. и други вработени во пекарницата, со што предизвикал чувство на загрозеност на сигурноста и страв кај Љ.Н. и вработените.