недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од тетовско ќе одговара за кражба на електрична енергија

Маж од тетовско ќе одговара за кражба на електрична енергија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(53) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

На 10.02.2022, вработени во ЕВН Македонија – КЕЦ Тетово, во содејство со екипа на СВР Тетово извршиле контрола и било констатирано дека пријавениот пред електричното броило поврзал кабел и користел електрична енергија без да се мери во електричното броило.

На тој начин тој предизвикал материјална штета од околу 28.500 денари.