Џ.В.(48) од Република Албанија вчера вечерта паднал во необезбеден отвор за лифт од висина од околу еден метар и 70 см во објект во изградба на ул.„Абаз Емин“ во Охрид.
-Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош бил задржан на лекување, информираат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.