Б.Т.(63) од Берово починал вчера откако управувајќи трактор на сопствениот имот изгубил контрола, се превртел и паднал под тракторот.
Беровчанецот починал на лице место, а случајот бил пријавен околу 10 часот.
Увид на местото извршил Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.