Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.Б.(28) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.
На 26.02.2023 на Граничен премин Деве Баир, пријавениот на увид приложил косовска возачка дозвола за која по извршена контрола било утврдено дека е фалсификувана.