понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

„Мерцедес“ удрил во две товарни возила, повредени три лица

„Мерцедес“ удрил во две товарни возила, повредени три лица
илустрација

На 20.12.2022 во 00:25 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во населбата Млаки во Гостивар, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од с.Речане, гостиварско, удрило во две паркирани товарни возила со гостиварски регистарски ознаки, „форд“ и „фиат“.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.Б.(23) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници, Ф.Ш.(20) од Швајцарија и Л.И.(21) од Гостивар, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.