На 01.07.2019 година во 02:15 часот било пријавено дека во Неготино на булеварот „Маршал Тито“ Ј.Ј.(21) од Неготино управувајќи мотоцикл „Кимко“ без регистарски ознаки удрил во паркирано патничко моторно возило „Рено“ со неготински регистарски ознаки паркирано од Д.Б.(26) од Неготино.
Возачот на мотоциклот се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствениот Дом-Кавадарци за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.