На 13.06.2022 во 04.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“, Х.Ј.(21) од Скопје, управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.