Мотоциклист од Скопје, синоќа завршил во водите на реката Вардар откако загубил контрола и со мотоциклот излетал од патот.
Несреќата се случила во близина на мостот „Близнаци“ во скопската населба Ново Лисиче.
-На 17.09.2019 во 20.30 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци“, М.М.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „БМВ“, изгубил контрола и паднал во реката. М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, се наведува во полицискиот извештај.