петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Млад скопјанец пукал со пиштол во дворот од семејната куќа

Млад скопјанец пукал со пиштол во дворот од семејната куќа

На 15.04.2023 во 00:35 часот на ул. „Качанички пат“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Д.(25) од Скопје поради сомнение дека околу 23:20 часот во дворот од семејната куќа пукал со пиштол.

Пиштолот бил пронајден и одземен, а на местото биле пронајдени повеќе чаури. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.