На 13.09.2021 во 19:15 часот на кеј „Осми Ноември“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Т.А.(23) од с.Подгорци, струшко, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.