Одделението за криминалистичка полиција-Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(22) од Велес поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 30.07.2021, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.