среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Млада битолчанка приведена поради поседување на марихуана

Млада битолчанка  приведена поради поседување на марихуана

На 04.02.2021 во 11:30 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола е лишена од слобода М.З.(24) од Битола.

По претходно издадена судска наредба и при извршен претрес во дом и помошни простории биле пронајдени и одземени марихуана и семки, а од нејзиниот татко Т.З.(48) од Битола при претресот биле одземени 48 парчиња муниција за карабин.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.