Дваесет и осумгодишната тетовка М.Љ вчеревечер (5 септември) во 23 часот во СВР Тетово пријавила дека на улица „155“ во Тетово, во близина на нејзината куќа, слушнала два истрела од огнено оружје, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Набрзо, на посоченото место пронајдена и подигната за вештачење е една чаура.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.