петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Mладо момче го загуби животот: Тешка сообраќајка во Аеродром (ФОТО)

Mладо момче го загуби животот: Тешка сообраќајка во Аеродром (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во скопски Аеродром, каде загина едно лице.

Имено според информации на Пресс 24 загина мотоциклис на возраст од околу 25 години.

Излегол од кафеана и се судрил со автомобил на раскрсницата кај Веро во Аеродром.

Момчето починало на лице место,а телото беше подигнато од Брзата помош.

Увидот се уште трае, но според полициски извори поминал на црвено.

Огромен број на луѓе се собраа на местото на несреќата, а на сите страни се слушаа лелеци.