Мотициклист е тешко повреден откако паднал во подножјето на планината Огражден. Според полицијата, вчера во 13 часот во СВР Струмица е пријавено дека на подножјето на планината Огражден, на место викано „Крива топола“, во атарот на селото Иловица, П.Т.(30) од селото управувајќи моторцикл – крос „сузуки“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал.
Притоа, П.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.