недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
илустрација

На 11.10.2023 во 12.10 часот во СВР било пријавено дека на ул.„Боро Кралевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(23) од Скопје и мотоцикл „сим“ управуван од О.И.(56) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.