четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист и сопатник повредени во сообраќајка во Куманово

Мотоциклист и сопатник повредени во сообраќајка во Куманово

На 23.07.2022 во 11.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(23) од Куманово и мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(38) од Куманово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од мотоциклот, Н.К.(29) од Охрид, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентниот центар во Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.