вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист излета од коловоз, со тешки повреди заврши на Клинички

Мотоциклист излета од коловоз, со тешки повреди заврши на Клинички

На 28.12.2021 во 17.10 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Владимир Назор“ мотоцикл „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.А.(41) од Скопје, излетал од коловозот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.