недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во пробиштипско

Мотоциклист тешко повреден во пробиштипско
илустрација

На 26.08.2023 во 17 часот пријавено е дека на регионалниот пат Р-1309, во с.Древено, пробиштипско Ј.Ѓ. (44) од Пробиштип управувајќи моторцикл „априлиа“ со пробиштипски регистарски ознаки, паднал на коловозот, информира МВР.

Ј.Ѓ. бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.