четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР: 198 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

МВР: 198 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (20.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 198 пешаци од кои, 149 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 18 за минување на црвено светло…

За време на контролата регистрирани се и 135 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.