среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР го соопшти идентитетот на убиениот во Мала Речица, повредени две лица

МВР го соопшти идентитетот на убиениот во Мала Речица, повредени две лица

Министерството за внатрешни работи вечерва излезе во нови детали за вооружениот инцидент во Мала Речица.

Како што претходно информираа од полицијата, околу 18:20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица.

-По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв. Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното (Н.Р.) починало, а другото било испратено во Клинички центар во Скопје. Подоцна во болницата во Тетово е донесено уште едно повредено лице. Приведени се две лица, информираат од МВР.

За случајот се огласи и Јавното обвинителство од каде велат дека причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување.

Во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода.

-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде Наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и Наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици, се вели во соопштението од ОЈО.