Министерството за внатрешни работи денес излезе со официјални информации за вчерашните случувања на Пластичарска улица.
-Околу 13,30 часот при сообраќајна контрола на булеварот “Александар Македонски”, патничко моторно возило “Мерцедес” со скопски регистарски ознаки не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службници и продолжило да се движи. Возилото е сопрено на булевар “Никола Карев”, а возачот Љ.М.(35) од село Арачиново, скопско е приведен во полициска станица, информираат од полицијата.
Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.