сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за крвавата свадба во тетовско

МВР со детали за крвавата свадба во тетовско

Две лица се повредени од испукани куршуми од огнено оружје, вчера околу 22 часот, информираат денес од МВР.

Од полицијата велат дека инцидентот се случил на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172“ во тетовска Мала Речица.

-Од испукани куршуми од огнено оружје повреди задобиле 27-годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица. Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Албанските медиуми, вчера објавија дека еден од повредените е син на пратеник од ДУИ.