вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за сообраќајката на Рузвелтова во која загина млад доктор

МВР со детали за сообраќајката на Рузвелтова во која загина млад доктор
Фејсбук

Министерството за внатрешни работи денес соопшти официјални информации за сообраќајната несреќа која се случи вчера, а во која животот го загуби младиот доктор Трајче Нешковски.

Според информациите, полицијата добила пријава околу 16:45 часот дека на ул.„Франклин Рузвелт“  се случила собраќајна незгода помеѓу „Цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Т.Н.(32) од Гостивар и „Опел“, со струмички регистарски ознаки управуван од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко.

-Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Дел од медиумите повикувајќи се на болнички извори вчера објавија дека починатиот Нешковски доживеал срцев удар пред несреќата додека управувал со возилото.

Доктор Нешковски бил пулмолог и работел во Ковид центарот во Козле.