четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за стравичната сообраќајка кај Драчево: Пет лица загинаа

МВР со детали за стравичната сообраќајка кај Драчево: Пет лица загинаа
Press 24

Пет лица загинаа во сообраќајка што се случи ноќеска на влезот на скопската населба Драчево, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „Рено 5“ удрил во камион за смет на „Комунална хигиена“ во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“ на улицата „Борис Трајковски“.

Увидот треше до раните утринските часови, а сообраќајот беше блокиран.

Од МВР повеќе детали за сообраќајката најавија во текот на денов.