среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за тешката несреќа кај Катланово: Повредени 8 лица, четворица малолетници

МВР со детали за тешката несреќа кај Катланово: Повредени 8 лица, четворица малолетници

Министерството за внатрешни работи соопшти детали во врска со сообраќајната несреќа во која повредени се осум лица, а која се случи вчера околу околу 11.55 часот на автопатот Скопје-Велес, во атар на Катланово.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“  со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(32) од Велес, патничко возило „Ауди“ со германски национални ознаки, управувано од С.Ј.(41) од СР Германија и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, запрено од С.Б.(44) с.Сопиште, скопско.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.С.Е.(40) и малолетник, сопатници во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле С.Ј. и малолетник од истото возило. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Со телесни повреди, исто така се здобиле Р.И.(59) од Велес,  Х.И.Д.(38) од Велес и две деца, сопатници во возилото „Алфа Ромео“. Тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.