четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за тешката сообраќајка кај Сити Мол

МВР со детали за тешката сообраќајка кај Сити Мол

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа која вчера на пладне се случи на крстосницата од  бул.„Партизански одреди“ со ул.„Љубљанска“ и ул.„Московска“, кај Сити Мол.

Во несреќата, како што информира МВР, учествувале „форд“, со охридски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(48) од Охрид и „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Х.Б.(40) од Скопје.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т., а со телесни повреди сопатникот од истото возило С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил С.Х.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.