сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за тешката сообраќајка, познат идентитетот на загинатиот возач

МВР со детали за тешката сообраќајка, познат идентитетот на загинатиот возач

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 20.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица, кај место викано „Баткова чешма“, атар на с.Драмче, делчевско, се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата учествувале автомобил „Цитроен“, управуван од Љ.Т.(49) од Македонска Каменица и автомобил „Волво“, управувано од П.С.(52) од Македонска Каменица, и двете со регистарски ознаки од Македонска Каменица.

-Во незгодата, П.С. се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобил и Љ.Т., констатирани во Клиничката болница Штип, истакнуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.