Утрово околу 06.00 часот во Полициската станица Кочани, од Територијалната противпожарна единица Кочани било пријавено дека во близина на Територијалната противпожарна единица било пронајдено починато машко лице.
Увид извршила екипа од Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.