четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за убиството кај Клинички, познат идентитетот на убиениот

МВР со детали за убиството кај Клинички, познат идентитетот на убиениот

Министерството за внатрешни работи утрово официјално го потврди убиството кое синоќа се случи во близина на Клиничкиот центар во Скопје.

Од МВР за Курир информираат дека околу 23.15 часот на ул.„Бигла“ во Скопје, при семејна расправија син со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои истиот починал на местото на настанот.

Синот, Д.А. (24) бил уапсен од страна на полициски служеници.

-Предметот со кој е извршено делото е обезбеден. По документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат за Курир од МВР.