четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На територија на Македонија за брзо возење казнети 192 лица

На територија на Македонија за брзо возење казнети 192 лица

Во текот на вчерашниот ден (17.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 72 надвор од населено место, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.