среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Шест лица повредени во тешката сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Шест лица повредени во тешката сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

Последните информации со кои располага полицијата говорат дека шест лица се повредени во сообраќајката несреќа која се случи утринава на автопатот Велес-Скопје.

Од МВР за Курир велат дека според нивните најнови информации во несреќата учествувале шест возила, при што повредени се шест лица.

Едно од повредените лица е пренесено на скопските клиники, додека на останатите им се пружа лекарска помош во велешката болница. Карактерот на повредите засега не е познат.

Како што претходно објавивме несреќата се случила утринава околу 8 часот на местото викано Кула на автопатот Велес-Скопје.

На овој патен правец сообраќајот се уште е целосно во прекин, истиот се пренасочува.