недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нападнал полицајци кои вршеле увид на сообраќајка, па зажалил- еве каква казна го очекува ова 21 годишно момче

Нападнал полицајци кои вршеле увид на сообраќајка, па зажалил- еве каква казна го очекува ова 21 годишно момче

Кривична пријава против В.С.(21) од Македонски Брод, поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Македонски Брод поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што соопшти денеска МВР, на 6 октомври 2020 во Македонски Брод, на ул.„Партизанска“, полициски службеници, при вршење на увид по претходно случена сообраќајна незгода, по претходна расправија, биле физички нападнати од пријавениот.