сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нападнале малолетници: Тинејџери и нивните родители на разговор во полициска станица

Нападнале малолетници: Тинејџери и нивните родители на разговор во полициска станица

Денеска (27.09.2023) во 10:00 часот во Полициската станица Карпош биле повикани А.З.(18) и уште тројца малолетници, сите од с.Сингелиќ, скопско, поради сомнение дека на 26.09.2023 околу 13:35 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош физички нападнале двајца малолетници.

Со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.