среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Направил тешка кражба во Скопје, па “пленот“ го однесе во Штип – таму се соочи со полицијата

Направил тешка кражба во Скопје, па “пленот“ го однесе во Штип – таму се соочи со полицијата

На 08.12.2021 околу 08:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.К.(44) од Скопје.

Тој се барал со потерница поради постоење основи на сомнение дека е  сторител на две кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на општина Гази Баба – Скопје.

При преглед над него и контрола во возилото „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал,  биле пронајдени и одземени 4.960 евра, разновиден златен накит, два мобилни телефони, а исто така, било одземено и возилото.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по негови насоки и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.