На 07.05.2022 во 19.45 часот на ул.„Кланица“ во Битола, полициски службеници до СВР Битола го лишиле од слобода Ј.У.(31) од Дојран затоа што кај него бил пронајден пиштол непозната марка и една празна рамка и затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на неговата поранешна сопруга и нејзината мајка.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.