петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

НОВИ ДЕТАЛИ: Еден загинат, двајца повредени во стравичната сообраќајка во Аеродром (ФОТО)

НОВИ ДЕТАЛИ: Еден загинат, двајца повредени во стравичната сообраќајка во Аеродром (ФОТО)
КУРИР

Еден загинат и најмалку двајца повредени е црниот биланс од сообраќајната несреќа која вечерва се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопски Аеродром, каде се судрија мотоциклист и автомобил.

Според првичните информации, во стравичната несреќата на лице место загинал младиот мотоциклист, а повредените кои биле во возилото „Ауди“ се итно пренесени во скопските клиники.

КУРИР побара подетални и официјални информации од МВР, но до овој момент не добивме одговор.

ФОТО: КУРИР