вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Нови детали за сообраќајката на патот Делчево – Македонска Каменица

Нови детали за сообраќајката на патот Делчево – Македонска Каменица

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 12.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на патот за с.Бигла, делчевско, се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата, како што информира МВР, учествувале патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки и патничко возило„хонда“ со делчевски регистарски ознаки.

Од МВР посочуваат дека има повредени лица, кои се пренесени во Клиничка болница Штип, но засега не е понат нивниот број.

Претходно, медиумите објавија дека повредени се три лица, но постои можност бројот на повредени да се зголеми бидејќи во автомобилите имало повеќе патници.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.