Безбедносните камери во локал снимиле кражба во Тетово. Како што може да се види од снимката, крадец покриен со бел чаршаф на главата како дух од хорор-филм, влегува во кафе-бар во село Јанчиште, од каде што успеал да одземе околу 70.000 денари, објави МКД.мк
Според информации на порталот ова е прва кражба во период од две години колку што работи овој објект.
Додека крадел крадецот бил покриен со бел чаршаф, но надвор од објектот шетал непокриен и бил снимен од безбедносните камери.
Еден агол од безбедносната камера го снимил ликот на крадецот, а пред да влезе во објектот тој се покрива со бел чаршаф, ја отвора вратата од објектот без да ја допира кваката и тргнува по парите.
Неколку дена пред кражбата крадецот бил гостин во објектот и седел до затворањето на местото.
Ги следел вработените што прават и каде го оставаат прометот, како и дали и каде е поставена безбедносната камера. Но очигледно дека не забележал оти камера освен во локалот имало и во надворешниот дел, каде што поминал немаскиран, и по што е идентификуван и фатен. Ги вратил и парите што ги украл.