четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Oбвинение за двајца скопјани кои дивееја во кафеана во Драчево

Oбвинение за двајца скопјани кои дивееја во кафеана во Драчево

Скопското обвинителство поднесе до Основниот суд Скопје 1 Скопје Обвинение против две лица за насилство. Лицата се обвинети дека на 7.10.2018 година, во угостителски објект во населбата Драчево, во група и со умисла извршиле грубо насилство, при што тешко телесно повредиле две лица и со тоа во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, соопшти Обвинителството.

– Обвинетите дошле како гости во локалот и почнале да се расправаат со оштетените, а потоа се степале. Еден од обвинетите со нож им нанел тешки телесни повреди во вид на убодни рани на двајцата оштетени. Настанот се одвивал пред повеќе гости во локалот, кај кои обвинетите предизвикале чувство на несигурност, згрозување и страв, стои во соопштението.

За двете обвинети лица на сила се мерки на претпазливост определени со Решение на Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје.